Макфестовската балада на Наталија Славева доби видео запис – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/18 12:59 PM

Макфестовската балада на Наталија Славева доби видео запис

Баладата „Штом љубовта исчезне“ со која Наталија Славева по пет години се врати на домашната музичка сцена доби свој видео запис.

Спотот за нежната љубовта приказна е снимен под режисерската палка на Марјан Огненовски. Зад текстот се потпишува Огнен Неделковски, музиката е на Томислав Коцевски, а аранжманот на Дејан Миленковски.

„Голема благодарност до целиот тим кој придонесе за да се направи еден убав производ, кој што се надеваме дека ќе и се допадне на публиката“, вели младата пејачка.  И покрај неколкугодишната пауза, таа повторно се враќа во студио за да ги изненади своите обожаватели со ново музичко парче во скоро време.