Ученици и родители се собираат пред Средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, каде за денеска е закажан протест со цел за поголема сообраќајна безбедност во тој дел од градот.
Со танспаренти „Стоп, сакам да поминам“ и „Децата немаат сопирачки“ тие организираат собир преку кој го искажуваат револтот од неодамнешната сообраќајна незгода, во која петнаесетгодишен ученик се здоби со тешки телесни повреди, откако беше прегазен за време на големиот одмор додека минувал на пешачки премин.
Од 15 до 16 часот се најавува и блокада на улиццата пред училиштето. Присутните родители пак, посочија дека ќе пристапат со порадикални протести ако не се реши проблемот, за кој денеска реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде побараа подобра сообраќајна регулација не само пред Училиштето „Коле Нехтенин“, туку пред останатите училишта во Штип.


