Паркирањето е голем проблем во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/18 1:12 PM

Паркирањето е голем проблем во Кавадарци

Немањето доволно простор за паркирање е голем проблем за кавадарчани. Посебно е изразен за време на пазарните денови,  кога централните улици речиси се блокирани од возила. Често се случува несовесни возачи да го остават својот автомобил на сред улица и да го закочат сообраќајот.

Од општината најавуваат дека интензивно работат да се стави ред во паркирањето. Наскоро ќе започне со работа јавно претпријатие за паркирање,  ќе биде набавен  и „пајак“ кој ќе ги отранува непрописно паркираните возила, а ќе се градат и две катни гаражи.

„Ние како општина го обележавме целото градско подрачје за паркирање. Ќе ги обележиме прва втора и трета зона.  Нема да наплаќаме. До крајот на годината ќе биоде бесплатно паркирањето, до крајот на годината. Тоа е еден пробен период. Ќе ги отстрануваме само нај непрописно паркирани возила, на булевари,  на пешачки на зеленило или го попречуваат движењето на пешаците. Пајак службата  очекуваме да почне да функционира од следната година. Веќе од февруари следната година ќе се воведе плаќање за паркирање“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во текот на наредната година, од општината велат дека ќе се изградат и две катни гаражи кои треба да го ублажат проблемот со недостигот од паркинг простор, а до март локалната власт очекува целосно да биде решен проблемот со паркирањето.

Во Кавадарци според официјалната статистика има над 14300 патнички возила.

 

Ангел Данов