Естонската полиција отсега, заедно со казните за брзо возење, на прекршителите ќе им доделува и картички за донирање органи.
– Секако не очекуваме дека оваа кампања ќе го зголеми бројот на донирани органи, но се надеваме дека ќе ги натераме возачите повеќе да размислат и да ја тргнат ногата од педалата за гас, изјави началникот на сообраќајната полиција во градот Парну, Андрес Синимери.
И покрај тоа што има богата мрежа улични камери, Естонија се наоѓа на врвот на европската статистика за брзо возење. Годишно, меѓу 12 и 15 отсто од возачите добиваат казни.
Извор:МИА


