Полицајците во полошко се постојано вербално но и физички напаѓани – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/18 11:18 AM

Полицајците во полошко се постојано вербално но и физички напаѓани

Полицајците во полошко се постојано вербално но и физички напаѓани од нервозни возачи. Случаите се расветлуваат, но ваквата појава  не престанува. Експертите сметаат дека ваквата појава може да се намали, ако нарушителите на законот се соочат со повисоки казни.

За изминативе девет месеци од годинава полицијата на полошкото подрачје има регистрирано над 30 вербални напади и десетина физички напади врз полициски службеници

Универзитетскиот професор по кривично право Ќебир Авзиу, вели дека полицијата губи интегритет од самото општество, затоа што се вработуваат кадри кои не заслужиле да ја облечат полициската униформа. Тој смета дека и лицата треба да се соочат со повисоки казни за нападите на службените лица.

Најчесто полицајците се напаѓаат при сообраќајни контроли. Има и регистрирани случаи на спречување на полициски службеници да ги извршат своите работни обврски, за што се евидентирани 9 вакви кривични дела.

Зоран Димовски