Заменети Рангелова и Кржаловски – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/18 10:02 AM

Заменети Рангелова и Кржаловски

Пратеничката Благица Ласоска ја замени Даниела Рангелова на чело на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, откако Рангелова си поднесе оставка. Ласоска е в.д.претседателка на Унијата се’ до изборот на нова, на конкурсот што денеска ќе биде објавен. Ова го соопшти лидерот Христијан Мицкоски, по седницата на Извршниот комитет. Партијата  назначи и в.д. претседател на Унијата на млади сили, по оставката на Лука Кржалоски. Досегашниот генерален секретар на подмладокот на ВМРО ДПМНЕ, Јован Јолевски ќе ги води младите, се’ до изборот на нов претседател на УМС.
Мицкоски најави дека со изборот на претседателите на двете тела, ќе се работи  и на формирање на нивните извршни комитети.
Даниела Рангелова и Лука Кржаловски поднесоа остави поради, како што соопштија, несогласување на начинот на кој се води партијата.