Четири лица се повредени во сообраќајна незгода на локалниот пат Требош – Џепчиште. Едно лице со тешки повреди заврши на скопските клиники – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/18 2:39 PM

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода на локалниот пат Требош – Џепчиште. Едно лице со тешки повреди заврши на скопските клиники

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода која денес се случи на локалниот пат кој ги поврзува тетовските села Џепчиште и Требош. Една од сопатничките пренесена е на Скопските клиники. Инаку во деветте месеци од годинава евидентирани се 865 сообраќајни незгоди.

 Сообраќајна незгода со четворица повредени се случи денес на локалниот пат кој ги поврзува тетовските села Џепчиште и Требош. Во неа, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи учесници во несреќата, и една сопатничка. Друга сопатничка по укажаната медицинска помош во Клиничкиот центар Тетово пренесена е на Скопските клиники.

 Несреќата се случила на пладне, околу 12 часот, а во неа учествувале возилата Киа Карнивал и Голф. Поради увидот на лице место, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин околу 2 часа.

Инаку, Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со сообраќајно-контролните активности на подрачјето со цел побезбеден сообраќај. Во деветте месеци од годинава, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведени, односно реализирани се близу 700 акциски и засилени сообраќајни контроли.

Зоран Димовски