Ви треба идеја за ручек или вечера? Нема да можете да одолеете на нашиот вкусен рецепт! Имавме супер инспирација, кремастата Битолската павлака ни е омилена со секој оброк! Па, пробајте го нашето брзо и лесно јадење, супер комбинација со печурки и кашкавал. Одлична за мезе со пријателите, за опуштени седенки со домашните, за секој ден!
Состојки:
- 300 г свежи шампињони
- 400 г павлака
- 300 г изварка
- 200 г кашкавал
- 1 мала лажичка оригано
- сол и црн пипер по вкус.
- малку маслиново масло.
Подготовка:
- Шампињоните измијте ги и исечкајте ги на тенки листови со дебелина од 3-5мм. Поделете ги на два дела и ставете ги во две земјени мали тави. Во тавите поросете оригано, ставете малку маслиново масло и измешајте ги печурките.
- Печурките ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени за време од 10 минути.
- Во меѓувреме измешајте ја павлака и изварката. Во смесата додајте една мала лажичка оригано, сол и црн пипер по вкус. Измешајте додека добиете кремаста хомогена смеса.
- Врз запечените печурки, во двете тави додајте ја смесата со павлака и зачини. Врз смесата ставете листови или рендан кашкавал. Тавите вратете ги во рерната и печете уште 10 минути, додека кашкавалот се растопи и порумени.
- Запечените печурки со павлака и кашкавал послужете ги додека се топли со фурнаринки или мини лепчиња по желба. На здравје!
Превземено од: sezahrana.mk


