Се запали автобус на АРМ, нема повредени – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/18 10:29 AM

Се запали автобус на АРМ, нема повредени

Автобус на Армијата на Република Македонија утринава околу 6:30 часот се запалил движејки се на релација Пробиштип-касарна „Илинден“ Скопје. Повредни нема, а причинета е само материјална штета.

Случајот го потврдија од СВР Штип, а од Министерството за одбрана најавија дека наскоро ќе излезат со соопштение за случајот.

Автобусот бил полн со војници кога избувнал пожарот.

Автобусот се запалил на патот Пробиштип-Кратово.

Извор:МИА