Зголемена е бројката на малолетници сторители на кривични дела – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/18 8:46 AM

Зголемена е бројката на малолетници сторители на кривични дела

Зголемена е бројката на малолетници сторители на кривични дела, велат од Центарот за социјални работи Тетово. Насилните деца се резултат на насилни родителите, тврдат психолозите. Советуваат на подобрување на односот на семејствата кон децата.
Насилниот начин на однесување на децата најчесто го има меѓу врсниците кои физички се пресметуваат и го нарушуваат јавниот ред и мир. 70 % од ваквите насилни деца според Центарот за социјални работи Тетово живеат во семејства кои врз нив употребувале некаков вид насилство. Психологот Оливера Цветковска, вели дека потребно е да се промени односот на родителите кон децата
Таа додава дека е потребни се промени и во образованието, кое исто така има големо влијание врз градењето на личноста.
Последните истражувања на Светската здравствена организација покажуваат, дека секое второ дете во Македонија, е подложно на некаков вид насилство во самото семејство.
Зоран Димовски