Триесет и четиригодишен маж од беровското село Дворише починал утрово откако тракторот со кој се превезувал паднал во провалија. Сега починатиот А.К, во тракторот бил со дваесет и двегодишен жител на истото село. Од здобиените повреди, А.К починал на пат кон Медицински центар -Берово.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.


