Откриени 46 мигранти кај селото Прдејци – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/18 1:54 PM

Откриени 46 мигранти кај селото Прдејци

На 24.10.2018 година во 21,20 часот на надвозникот над автопатот Гевгелија – Скопје во правец кон село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници забележале товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки кое по дадена сигнализација се упатило кон стариот пат село Прдејци – село Смоквица, по што нагло сопрело и возачот се дал во бегство.

По ивршениот преглед констатирано е дека во возилото на кое биле ставени регистарски онаки од друго возило, се наоѓале 46 мигранти и од Пакистан, Иран, Сирија, Ирак и  Авганистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот соопшти МВР.