Супертајфунот Јута зад себе остави таков пустош „како да имало војна“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/18 12:54 PM

Супертајфунот Јута зад себе остави таков пустош „како да имало војна“

Супертајфунот Јута, најсилната бура што оваа година погоди дел од САД, премина преку Северните Маријански Острови и предизвика големи штети.

Локалното население се соочува со недостиг од електрична енергија и вода.

– Јута ја погоди најзападната американска територија на Пацифичкиот Океан и зад себе остави таков пустош „како да имало војна“, изјави претставникот на локалните власти Грегорио Килили Камачо Саблан.

Тој додаде дека има и повредени, но не може да даде прецизни податоци за нивниот број.

Извор:МИА