Жена од скопски Аеродром претпладнево во полиција пријавила дека денеска во нејзиниот дом, дошла нејзината ќерка со своето новороденче кое го оставила таму и го напуштила станот – соопшти МВР.
Министерството информира дека новороденчето било однесено на преглед во „Мајка Тереза“, додавајќи дека преземаат мерки за пронаоѓање на мајката на детето и за целосно расчистување на настанот.


