Првиот човек на шпанскиот гигант Барселона, Хозеп Марија Бартомеу ја отфрли веројатноста за враќање на Нејмар.
Претходно, шпанските медиуми ги раширија информациите дека Бразилецот може да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“ – пренесува Македонската информативна агенција.
„Нејмар си замина и нема да се врати. Неговото враќање не е планирано. Не добив никакви повици од неговиот агент. Немаше никакви состаноци. Тој донесе одлука за својата иднина, ПСЖ ја плати сумата за клаузулата и стана играч на францускиот тим. Не ни се допадна неговото заминување“, изјави Бартомеу.
Бразилскиот фудбалер од Барселона направи трансфер во Пари Сен Жермен за рекордна сума од 222 милиони евра.


