Младите иноватори ќе решаваат глобални проблеми во интерес на Земјата и Вселената на „NASA Space Apps Of Challenge“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/18 2:22 PM

Младите иноватори ќе решаваат глобални проблеми во интерес на Земјата и Вселената на „NASA Space Apps Of Challenge“

Студенти од Македонија по четврти пат се дел од глобалниот натпревар на NASA Space Apps Of Challenge, каде ќе понудат решенија за глобални проблеми со кои се соочува Земјата и Вселената.

На 190 локации во светот паралелно се одржува интернационалниот настан NASA Space Apps Of Challenge, кој е предизвик за сите технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти со цел да се подобрат истражувачките вселенски мисии и да го подобрат животот на земјата.

„Се работи за колаборација на лице место во Македонија, меѓутоа и со сите други тимови кои што се низ целиот свет, како и со експерти на НАСА кои што ги задаваат предизвиците за овој натпревар. Дополнително вклучени се во натпреварот и корпорации од Македонија и светот кои што учествуваат со свои предизвици и соработуваат со младите луѓе за решавање на проблеми од интерес на Земјата и Вселената“, изјави Ирена Чаушевска, генерален менаџер на Newman’s Business Accelerator која додаде дека секоја година се пријавуваат од 120 до 170 учесници и се формираат од 25 до 35 тимови кои работат на решенијата.

„Интересно е што македонскиот тим кој што победи минатата година беше повикан и во  НАСА Кенедис Спеј Центарот во Флорида каде што  имаа состаноци со тамошни претставници“, изјави Ирена Чаушевска.

Лина Делшат која е дел од глобалниот организациски тим на НАСА Internationals Apps Challenges објаснува како всушност функционира овој дводневен хакатон.

„Како функционира овој хакатон? – Всушност покануваме околу 200 учесници, во повеќе градови кои се собираат во рок од 48 часа, да работат користејќи ги податоци на отворената база на НАСА за да изработат свои решенија“, изјави Лина Делшат.

Подобрата иновација и конкуренција води до  глобалните пазари, потенцираше Чаушевска но соработката со команиите оди малку потешо.

„Она што уште се трудиме да го зголемиме е соработката со компаниите. Тие да препознаат дека со тоа што ќе вклучат вакви надворешни иноватори и креатори, го зголемуваат својот капацитет за иновирање“, додава Чаушевска.

Натпреварот во Македонија ќе се одржи од 19 до 21 -ви отктомври во организација на македонско – американската компанија „Њуменс бизнис акцелератор“.