Правна држава и граѓанско општество и економскиот развој како предуслов за интергација во Европската унија се темите на двете Меѓународни научни конференции, кои се одржаа на Државниот универзитет во Тетово. Ректорот Вулнет Амети, истакна дека развојот и реформите во институциите треба му припаѓаат и на граѓанското општество, ако сакаме Македонија да ја изградиме како демократска држава.
Почитување на граѓанските права и граѓанските слободи, значи и нивно учество во реформите и развојот на институциите, рече ректорот на Државниот универзитет во Тетово Вулнет Амети. Тој смета дека граѓаните не се доволно вклучени во целиот овој процес, но сепак придонеле за слобода на на говорот, донесување на одредени закони, транспарентност на институциите и зајакнување на нивните капацитети.
Универзитетскиот професор Мерсељ Билали, смета дека улогата на граѓаните во формирање на демократската држава засега во Македонија е на многу ниско ниво. Со процесот на интеграција на Македонија во евроатланските структури овој процес ќе се забрза.
На конфереренција насловена како Економскиот развој како предуслов за интеграција во Европската унија, беше истакнато дека воспоставување на еднакви економски услови на конкуренција, е основен услов за развој на економијата и нејзино приближување до стандардите на земјите од Европската Унија.
Зоран Димовски


