Во полошко продолжува полициската акција за откривање на дилери на дрога .Пронајдена е марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога. За околу еден месец полицијата има окриено над 160 лоца кои неовластено продавале дрога на полошкото подрачје.
Вчера околу 13 часот и 30 минути полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово пронашле црн ранец во кој имало околу 4-5 килограми, најверојатно пресувана марихуана, на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Чифлик и Ларце, во месноста Воденица. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувања во најлонски ќесиња.
Извршен е увид, пронајдената марихуана е фотодокументирана и подигната за вештачење.
Потоа, околу 17 часот, во Тетово лишен од слобода е 19-годишен тетовец, кај кого пронајдени и одземени се 12 зипер кеси марихуана, кои ќе се вештачат. По целосното расчистување на сите поединости, против лицето ќе следува соодветен поднесок.
Два часа подоцна лишен од слобода е и 35-годишен тетовец. При претрес на неговиот дом, реализиран со судска наредба, пронајдена е марихуана, кокаин, екстази, 4 мобилни телефони и 28.500 денари. Тетовецот задржан е во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок, информираат од СВР Тетово.
Полицискиот билтен има регистрирано приведување две лица од Теарце, кои биле затекнати во близина на селото како водат коњи натоварени со огревно дрво, за кое не поседувале документи.
Зоран Димовски