Грантистите од „Нов културен бран“ се уште ги чекаат парите од Министерството за култура – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/18 1:15 PM

Грантистите од „Нов културен бран“ се уште ги чекаат парите од Министерството за култура

Грантистите од проектот на Министерството за култура насловен „Нов културен бран“  се уште ги немаат добиено парите со кои требаше да ги реализираат проектите. Тие имаа експресен рок од неполн месец да ги реализираат своите проекти, и тоа не подоцна од 15 –ти октомври. При тоа, според информации на Канал 77, министерството дава рокови без да им префрли пари за спроведување на активностите.

Со цел да се фатат роковите, грантистите се принудени  проектите да ги  реализираат на сопствен трошок. Во трка по рокови, до грантистите од Министерството за култура стигнувале неофицијални информации дека парите за овие проектите се’ уште  чекаат да им ги префрлат од Министерството за финасии. Од таму, кога прашавме, негираа дека кај нив е проблемот и не’ упатија кај Министерството за култура. Од таму пак, по неколку телефонски разговори, испратија писмена изјава. Таму зборуваат за потпишан план за исплата, но изгледа, дека грантистите, на парите сепак, ќе почекаат.
„Планот за исплата на првата рата на голем број на корисниците од Конкурсот Нов културен бран е веќе потпишан од министерот за култура Асаф Адеми, и се очекува да се реализира до крајот на неделата. Потоа следи период кога корисниците по реализираните проекти доставуваат финансиски и наративен извештај што се разгледуваат од Комисијата и од службениците по дејности. Комисијата е во процес на работа и ги разгледува оние извештаи кои се веќе доставени. По завршуавње на работата на комисијата ќе следи и исплата на последната рата од одобрените средстава по проектите, велат од секторот за односи со јавност од министерството за култура“, соопштија од одделението за односи со јавност при Министерството за култура.

Манифестацијата „Нов културен бран“ се одржуваше за втор пат под покровителство на Министертсвото за култура. Оваа година, се чини,предвидените средства за исплата заглави во административни процедури или пак се купува на време за полнење на буџетот за предвидениот проект.