Кина ќе лансира вештачка месечина во Вселената која ќе го осветлува еден од најголемите градови во земјата, 14-милионскиот Ченгду во провинцијата Сечуан.
Предвидувањата говорат дека сателитот ќе биде поставен во Земјината орбита до 2020 година. Телото ќе има функција да ја рефлектира сончевата светлина и навечер, со цел потполно да ги замени уличните светилки. Тоа би значело и поевтин извор на енергија, објави „Телеграф“.
Во 1999 година, руски научници имаа сличен нацрт-проект за Сибир, но тој не беше реализиран.
Кинескиот Институт за воздухопловна и вселенска наука и технологија, засега не открива колку овој проект ќе чини.
Извор:МИА