Државната пописна комисија заминува во историјата, а пописот ќе го спроведува Државниот завод за статистика, ова го предвидува новиот закон за државна комисија. Тргањето на политиката настрана како што вели диркеторот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски е само една од измените. Предвидени се уште две измени кои се оденсуваат на комбиниран метод на податоци и замена на хартијата со компјутери.
„Втората новина е дека ќе користи т.н комбиниран метод што значи попишување на терен и собирање информации од страна на попишувачи, меѓутоа и користење на информации од регистри кои веќе постојат во државата. Што значи попишувачот ќе има директен линк со таа база на податоци и ќе може да се преземаат податоци кои ги содржат овие регистри кои се точни, документирани. И третата разлика е што повеќе нема да има хартиени прашалници, туку ќе се користи лаптоп“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.
Симовски потенцираше дека подготовките за пописот кој треба да се одржи во 2020 година се во тек, она на што се чека да се изгласа буџетот каде што во истиот предвидени се средстава за пописот.
„Прво треба да се донесе буџетот на државата таму се планирани доволно средства за идната година, бидејќи ќе треба да обезбедиме купување на опрема што ќе ја користиме во пописот и да изготвиме софтверско решение кое ќе ни биде потребно, бидејќи како што претходно ја информирав јавноста, ќе користиме ИТ технологија во попишувањето, што не било случај досега. Засега се оди како што треба, планирани се средства во буџетот, онолку колку што побаравме толку и добивме“, изјави Симовски.
Моменталните процеси не претставуваат пречка за подготовките за најавениот попис, вели Симовски.
„Не би требало, имаме средства за набавка за она што ни е потребно како опрема, но опремата не ни е толку потребна во овој момент. Повеќе е тоа за можност на инсталацијавреме ни повеќе време, но пред се за тоа софтверско решение кое ни е многу важно за спроведување на ваков попис“, вели Симовски.
Директорот на Држаниот завод за статистика најави дека законот за попис е веќе во процедура,и до крајот на оваа година треба да се донесе.