Новинските агенции објавија дека ураганот Лесли веќе пристигнал на брегот на Португалија, каде околу 15.000 домаќинства останале без струја. Лесли ја продолжил својата мисија кон Шпанија, пишуваат медиумите.
Опасноста која ја носи ураганот Лесли е силни ветрови, високи бранови и обилни дождови кои може да предизвикаат поплави. Се очекува брзината на ветерот да достигне до 110 километри на час, а намалување на интензитетот на ураганот се очекува во вечерните часови.
Лесли е ураган од прва категорија, кој носи ветрови кои дуваат со брзина од околу 185 километри на час, навел американскиот Национален центар за урагани. Центарот ги предупредил Шпанија и Португалија да го надгледуваат движењето на ураганот Лесли.
Предупредување за тропскиот ураган било издадено во петокот на португалскиот остров Мадеира, а проаѓањето на ураганот се очекува на северната страна на островот во сабота, по што движењето ќе продолжи кон југозападниот дел на Иберискиот полуостров во недела и кон внатрешноста на полуостровот во недела навечер. Како што се очекува, Лесли ќе погоди некои подрачја од Португалија и Шпанија.