Девојка од Кичево во полициската станица Аеродром пријавила таксист за недолично однесување, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Во 04:33 часот вчера, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04:20 часот, додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.