Митровски не го оправдува упадот во Собрание, Богоевски тврди дека видел пиштол кај Игор Југ – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/23 10:53 AM

Митровски не го оправдува упадот во Собрание, Богоевски тврди дека видел пиштол кај Игор Југ

Откако три адвокатски канцеларии од Скопје поднесоа иницијатива за предлог-закон чија цел е да се амнестираат осудените за крвавите настани во Собранието на 27 април, денеска во студиото на Канал 77 во емисијата „Стадион“ дискутираа еден од подносителите адвокатот Јанаки Митровски и поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоев, кој беше во Собранието за време на упадот и беше нападнат.

Бидејќи пратениците се уште не ја виделе, пратеникот Богоевски тврди дека поднесувањето на иницијативата за предлог закон во четврток било тактика за медиумско внимание до понеделник, на што адвокатот Јанаки жестоко се противеше.

– Никако не го оправдувам тој чин и степен на кривична одговорност кај тие што упаднаа во Собранието секако дека има. Мотивите ни се што има две групи, а во јавноста се зборува само за една. Интересно е што доколку се повисоко во тој партиски ешалон како пример Муковски кој ја отвори вратата, Сашо Василевски, еве Бетмен, немаат последици. Не може да има селективна правда, само за некои луѓе, вели Митровски потенцирајќи дека не знае како се утврди оти Игор Југ носел пиштол, ниту пак како е осуден ангеловски од Велес кој се експонирал со патриотски мотиви претходно.

Според него станува збор за селективна правда, што вели е многуголема неправда.

Богоевски, пак, рече дека рече не било до мерките, туку до целите што сакале да ги постигнат т.н уставобранители, што вели е да се создаде страв и паника. Тој вели дека имало правна логика во осудување на едните, а не на другите.

– Ако некој не удрил со бокс или со шамари, а учествувал во организацијата тогаш тој е осуден, вели Богоевски, кој како пример го наведе Дурловски велејќи дека дури и да поднел барање за амнестија, немало да биде амнестиран оти институцијата со која раководел била вмешана.

Тој сега и прв пат рече дека видел оти Игор Југ носел пиштол во Собранието.

– Видов како отпозади со раката вади метален објект кој личи на пиштол, никој досега не ме прашал за ова, но го видов, рече Богоевски потенцирајќи дека во судот бил прашуван за други детали.

Митровски го критикуваше и односот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што во 2018 изгласале амнестија, а сега барале правда за затворените наместо амнестија.