Трагедија во Велес! Дечко претепал девојка и со прострелна рана во стомакот итно префрлена во болница – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/23 1:48 PM

Трагедија во Велес! Дечко претепал девојка и со прострелна рана во стомакот итно префрлена во болница

Рано изутрина во Велес, девојка (25) била претепана од невенчаниот сопруг и со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница, јавуваат локалните медиуми.

За овој монструозен инцидент потврдија и од СВР Велес.

-Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.

Локалниот портал Батали.нет информира дека освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето кои личеле на повреди од тепање, дека девојката била донесена во свесна состојба но одбивала да одговара на прашњата на докторите.

Громорозниот настан го потврди и портпаролката на велешката болница, Елена Ќулумова.

-Во 8:30 часот е примена 25-годишна девојка со прострелна рана во долниот дел на стомакот и е препратена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, изјави таа.