Струшкиот гинеколог не се чувствува виновен што и извадил бубрег, матка и јајник на Веапоска – Драма на судењето во Струга – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/23 12:34 PM

Струшкиот гинеколог не се чувствува виновен што и извадил бубрег, матка и јајник на Веапоска – Драма на судењето во Струга

Денеска во Основниот суд во Струга се одржа рочиште од судскиот процес на дебарчанката Јилдиз Веапоска, против троица лекари од струшката болница.

Веапоска со обвинетите лекарти откако почна процесот прв пат се сретнува, бидејќи на претпоследното тие не се појавија, па судијата најави дека за денешново доколку не се појават ќе бидат приведени.

Тројцата обвинети лекари се изјасниле дека не се чувствуваат виновни за овој случја, по што изјава дала и оштетената Веапоска.

-Тој ми ја водеше бременоста, тој ме породи, тој го закажа царскиот рез. По операцијата не се чувствував добро, паднав во шок и се разбудив по 14 дена на Карил, рекла Веапоска и среде исказ и се слошило, па морало да се направи пауза за да се смири.

Следното рочиште е закажано за  10 март, за кога се најавени сведоци од обвинетите.

По завршување на рочиштето обвинетитот лекар побегнал од новинарите и не сакал да даде изјава.

Во случајот се гонат тројца лекари од струшката болница.првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар-гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа Медицински центар – Струга. Тие при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување родилкта  од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба поради што таа остана без бубрег матка и јајник.

(В.М.)