Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде одржана 18-та седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата на Советот за безбедност, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.