СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, по текст објавен од еден портал, постирал коменар со кој ширел говор на омраза и поттикнувал насилство – соопшти денеска МВР.