Музичката ѕвезда, Антониа Гиговска денеска преку инстаграм објава сподели дека таа и нејзиниот партнер очекуваат дете.
-Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен роденден за мене и погодете кој ќе биде мајка. Што мислите, машко или женско пишете во коментар (ние знаеме) – пишува младата пејачка во својата најнова објава.
Таа откри и дека партнерот веќе ја запросил.
-ПС: Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам. Роденден, бепче, прстен, сè – додава Антониа во објавата, под која има низа коментари во кои нејзините фанови и колеги ѝ честитаат за убавите случувања.
View this post on Instagram