Приведена девојка (25) од Мала Речица, полицијата кај неа пронашла марихуана – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/23 1:02 PM

Приведена девојка (25) од Мала Речица, полицијата кај неа пронашла марихуана

Полицијата вчеравечер лишила од слобода дваесет и петгодишна девојка од тетовска Мала Речица откако кај неа била најдена марихуана.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 21 часот, во близина на угостителски објект во Тетово, ја лишиле од слобода А.М.(25) од тетовска Мала Речица кај која била пронајдена марихуана.Таа е задржана во Полициска станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

Во член 215 од Кривичниот законик се вели дека тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Воедно СВР Тетово бележи дека вчера околу 22 часот и 45 минути, приведување со судска наредба на 31-годишната А.Н. од Штип со времен престој во Тетово, за издржување на 4-месечна затворска казна исто така по член 215 од Кривичен законик. Набргу потоа, таа е спроведена во КПУ Затвор Идризово во Скопје.