Следен технички премиер ќе биде стариот технички премиер, чие име е Галаб Донев. Ниту за секунда не дозволив други опции. Тоа за „Дарик радио” го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесе БТА. Причината за неговиот коментар е нереализирањето на третиот мандат за формирање влада во таа држава.
– Нема Радев модел, има Устав. Таму многу јасно пишува дека кога партиите не можат да формираат влада, претседателот е должен да именува, изјави претседателот.
– Партиите, што сакаат да ја избегнат одговорноста за владеење во време на криза, се кријат зад преодната влада, рече Радев.
МИА