(Видео) Децата останаа сираци – Снимките од жолтата кујна што го потресоа светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/23 11:48 AM

(Видео) Децата останаа сираци – Снимките од жолтата кујна што го потресоа светот

Светот го потресоа ужасните сцени од погодената станбена зграда во Днепар каде загинаа дури  44 лица
Бројните слики од урнатините и понатаму се тема на социјалните мрежи додека двете страни се расправаат за тоа како била погодена зградата. Русите тврдат дека украинските сили за противвоздушна одбрана ја собориле нивната ракета на станбениот блок, Украинците тврдат дека Русите директно ја таргетирале катната зграда.

Украинските медиуми за тоа време ја прикажуваа трагедијата на семејството кое живеело во погодената зграда.

Само неколку дена пред нападот семејството Кореновски го прослави роденденот на својата ќерка. На едно од видеата кои беа објавени на социјалните мрежи се гледа семејството заедно во кујната, каде го прославуваа роденденот на една од ќерките.
Неколку дена подоцна, ракета погоди станбена зграда, а во нападот загина нивниот татко – Михајло Кореновски.

“Ова е Михаило Кореновски, боксерски тренер кој загина во ракетен напад во Днепар. Неговото семејство преживеа. Ова видео ја прикажува нивната кујна пред и по нападот”, се вели во описот на видеото.

Неговата сопруга по нападот објави фотографија на која се гледа семејството Кореновски, како и нивните соседи со кои заедно ја дочекале Новата година.
“Заедно ја прославивме Новата година. Соседите од осмиот и деветтиот кат. Четири лица од оваа фотографија починаа. Децата останаа сираци”, рекла таа.


Ракетниот напад Днепар беше најголемиот во рускиот ракетен напад извршен пред два дена.

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вечерта на 14 јануари изјави дека руска ракета паднала врз зграда во Днепар откако била соборена од украинската воздушна одбрана. Тоа предизвика бурни реакции кај самиот државен врв, а Арестовиќ вчера си поднесе оставка.

Извор: Информер.рс

Фото: Yan Dobronosov