Џина Лолобриџида е родена како Луиџина и е втора од четирите ќерки на производител на мебел во малиот град Субјако, во римскиот регион Лацио, Италија.
По воените пресврти, кои ја затекнаа Луиџина во тинејџерските години, раната младост ја поминала во прилично скромни услови, со оглед на тоа што целата поразена Италија беше принудена да штеди.
Сепак, ниту едно од нејзините подоцнежни размислувања за овие години не сугерираше дека малечката Џина страдала. Штом почнала да учи цртање и скулптура на познатата Академија за ликовни уметности во Рим, ја забележал „ловец“ на таленти од познато италијанско филмско студио, кое во тие години енергично се издигнувало на глобално ниво. Откако ја видел младата Џина, агентот веднаш сфатил дека нејзината веселост и физичка привлечност ја содржат токму потребната енергија за да ја врати понижената Италија на пиедесталот на светската лулка на убавината и радоста на живеењето во очите на планетата.
– Ја одбив неговата покана за аудиција, но тој инсистираше да дојдам. На интервјуто со режисерите и продуцентите од студиото не сакав да ја прифатам улогата, но тие повторно инсистираа да се премислам. Ја замолија мајка ми да ме убеди велејќи и дека ќе добијам хонорар од илјада лири. Им кажав дека цената ми е милион лири, мислејќи дека ќе се насмеат и конечно ќе ме пуштат по својот пат, но тие се согласија – се присетила Џина во едно од нејзините интервјуа.
Од самиот почеток Џина имаше огромно внимание во јавноста, можеби токму поради тоа што не го бараше тоа. Од друга страна, тоа предизвика медиумски конструирано ривалство со друга ѕвезда во подем во тоа време, исто така секс симбол Софија Лорен.
– Целиот тој конфликт го започнаа нејзините прес-агенти и не престана педесет години. Беше ужасно досадно, па дури и кога ги смени оние луѓе кои беа задолжени за односи со јавноста, што јас никогаш го немав, продолжи. Ние две сме многу различни и поинаку ги изградивме нашите кариери. Сакав да бидам уметник повеќе од било што друго, да имам кариера на високо ниво – изјави своевремено Џина.
Во 1949 година се омажила за словенечкиот лекар Милко Шкофиќ, со кого во 1957 година го добила синот Андреа Милко Шкофиќ Јуниор. Нејзиниот сопруг ја напушти медицината за целосно да се посвети на менаџерската работа во кариерата на Џина. Тие официјално се разведоа во 1971 година, по 22 години брак, но нивната врска многу порано се залади.
Џина еднаш изјавила дека и таа била жртва на сексуална злоупотреба, но оценила дека треба да покаже „храброст“ и да го осуди тоа веднаш, а не неколку години подоцна.
– Ми се чини дека сега приказните за тоа се начин да се направи реклама – изјави легендарната актерка, коментирајќи ги сексуалните скандали во филмската индустрија.
– Треба да се биде храбар и веднаш да се каже и да се осуди, дури и јас ја немав таа храброст. Молчев и не кажав ништо – додала таа.
Актерката изјавила дека во два наврати била жртва на сексуална злоупотреба од странец и Италијанец.
– Првиот пат бев невина, не знаев ништо за љубовта. Значи, тоа беше сериозно, а личноста беше многу позната. Имав 19 години и одев во средно училиште – се присети таа.
Таа додала дека воопшто не сака да го споменува вториот пат освен дека тоа било по нејзината венчавка во 1949 година.
– Сексуалните злоставувања, дури и кога ги има повеќе, остануваат во нас и тоа го означува нашиот иден карактер. Тоа е нешто за што не се зборува лесно – изјави познатата актерка.
Лолобриџида влезе во конфликт со синот Милко Шкофиќ, а сето тоа затоа што ја обвини Андреа Пјацола, асистентката на нејзината мајка, дека и го украла богатството со измама. Згора на тоа, тој неодамна успеа да добие судска одлука според која актерката може да користи сопствени пари само за секојдневни трошоци додека не се решат неговите спорови против Пјацола.
Џина минатата година гостуваше во една емисија на италијанската телевизија и призна дека се чувствува понижено.
– Не го заслужувам ова. Не направив ништо лошо, а моите се бесни на мене, не сакаат да ме остават на мира. На оваа возраст треба да имам малку мир, но сè уште го немам. Имам право да живеам и да умрам во мир – изјавила актерката со солзи во очите.
Пјацола, кој денес има 35 години, влезе во животот на Лолобриџида пред десет години, кога стана нејзин возач. После тоа, тој беше унапреден и стана „господар на се“ во животот на Џина, а потоа и менаџер на актерката. Згора на тоа, во еден момент се преселил со својата девојка кај Лолобриџида, а со години се шпекулира за природата на неговиот однос со актерката, бидејќи на јавни настани се појавуваа фатени за рака.
Милко Шкофиќ со години го обвинува Пјацола за многу работи, а првите расправии се од 2015 година. Оттогаш, тој го обвини дека го презел управувањето со компанијата која се грижи за имотот на Лолобриџида, дека продавал луксузен недвижен имот, дека купил Ферари, дека подигнал пари од нејзините сметки и дека продал 350 дела на актерката уметност во вкупна вредност од 334.000 долари. Пред последниот случај, синот на Џина поднесе барање до италијанскиот Врховен суд за блокирање на имотот на неговата мајка за да не може да го упропастува, а на почетокот на октомври била донесена одлука во негова корист. Како што е наведено, актерката има „намалено чувство за реалност“, што значи дека е подлош-жна на искористување.
Поради се што и се случува, Џина Лолобриџида го ангажирала Антонио Ингроја, кој има искуство во борбата против мафијата и како што истакнува „со истиот дух на борбата за слобода“ сака да се бори за актерката. Тој во интервју за италијанските медиуми го обвини Шкофиќ дека само за пари се интересира за мајка си и нејзиното здравје.
– Проблемот поради кој се случува сето ова не е здравјето на г-ѓа Лолобриџида, туку пропаѓањето на нејзиниот имот. Проблемот е наследството – вели Ингроија.
– Тоа е мојот живот и јас одлучувам што ќе правам со него. Подарувањето на Андреа и неговото семејство е нешто што ме засега мене и никој друг – заклучила Џина.
Извор: espreso.co.rs