Земјотрес со јачина од 4,8 степени во Албанија, почувстуван во повеќе градови низ земјава – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/23 11:54 PM

Земјотрес со јачина од 4,8 степени во Албанија, почувстуван во повеќе градови низ земјава

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со епицентар на 20 километри североисточно од Тирана, во соседна Република Албанија и со локална Рихтерова магнитуда од 4.8 степени.

Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на нашата Република, особено:

– во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала,

– во северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени,

– во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје одржува телеметриска сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.