Бред Пит откри со која актерка има омилена жешка сцена во каеирата, ама не е Џоли – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/23 8:14 PM

Бред Пит откри со која актерка има омилена жешка сцена во каеирата, ама не е Џоли

Бред Пит отсекогаш важел за холивудски фраер, па дури и сега, повеќето луѓе не би му признале дека има 59 години, со оглед на неговиот изглед.

Се прослави со многубројните улоги, а глумеше и во доста познати филмови и серии кои бараа интимни односи на сетот.

Една од попознатите е оној во филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во кој глумеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли. Сепак, се чини дека тоа не е неговата омилена жешка сцена, на големо изненадување на многумина.

Во интервју за магазинот „W“, каде што ѕвезда на насловната страна, Бред го откри својот омилен момент на страст на екранот – тоа беше оној во сапуницата „Далас“.
“Тоа беше во серијата Далас. Морав да се тркалам во сеното во шталата. Мислам дека немав граница. Само се тркалав и се тркалав”, рекол актерот.

Бред во таа серија се појави само во четири епизоди, како Ренди, момчето на Чарли Вејд, ликот кој го толкува Шалејн Меккол.

Подоцна Шалејн му стана девојка и во реалниот живот, а таа тогаш имаше само 15 години.
И Бред и Шалејн тогаш беа многу млади и беше очигледно дека ова е една од првите такви сцени што секако им остана врежано во сеќавањето. Во последно време медиумите се вртат за новата девојка на Бред, Инес де Рамон, која е 30 години помлада од него.

Извор: Мондо.рс