Судски полицаец од Штип, кој бил на ноќна смена, бил пронајден мртов од неговиот колега, изутрината по 8 часот. Информацијата ја потврдуваат од СВР Штип, но повеќе детали најавуваат по завршување на увидот од страна полицијата и јавен обвинител.
Неофицијално, не се најдени траги на насилство и веројатно сам си пресудил. Се работи за судски полицаец, кој веќе имал обиди за се самоубие.