Кавги и пцости меѓу Глигоров и вработен во Град Скопје – Секретарот бил пријавуван и за семејно насилство, вели Агнелова од ВМРО ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/23 1:36 PM

Кавги и пцости меѓу Глигоров и вработен во Град Скопје – Секретарот бил пријавуван и за семејно насилство, вели Агнелова од ВМРО ДПМНЕ

Емилија АНгелова, советничка во Град Гкопје на денешната прес конференција го повика Секретарот на Град Скопје, Зоран глигоров, да даде одговор на скандалозните сознанија за тепачката со вработен во обезбедувањето.

-Пред само два дена од медиумите бевме запознаени дека Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, а засега не се познати причините за инцидентот. Воедно, согласно нашите информации станувало збор за насилно однесување и конфликт со лице вработено во Градот Скопје. До денес, од страна на Глигоров нема ниту демант, ниту потврда на ваквите информации, вели Ангелова, и додава:

-Нашите информации говорат дека ова не е прво и единствено насилно однесување на секретарот на Градот Зоран Глигоров. Дали е точно дека според евиденцијата на МВР, Глигоров бил пријавуван за семејно насилство? Дали на 25.06.2007 година е пријавен Глигоров за тешка телесна повреда врз женско лице со иницијали Л.Г нанесени преку повеќе удари и изненаден напад, Дали на 12.03.2017 година е пријавен Глигоров за нанесување на телесна повреда при вршење на семејно насилство врз Љ.Г. преку повеќе удари и изненаден напад? Ако се покаже ова за вистина бараме негово разрешување. Ниту еден човек кој бил пријавуван за семејно насилство не смее да биде лицето на институција, вели Ангелова.

Од МВР го потврдуваат настанот во Град Скопје.

-На 9 јануари во 12.30 часот, З. Г. (52) од Скопје пријавил дека околу 8.30 часот во канцеларија во Град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е. С. (43) од Скопје, вработен како обезбедување, му биле упатени закани. Со Е. С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.