Снежна покривка од 10 см на Шапка и -7 степени, во Гевгелија 6 – времето изутрината – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/23 9:19 AM

Снежна покривка од 10 см на Шапка и -7 степени, во Гевгелија 6 – времето изутрината

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени -7 степени, во Маврово е -4, Крушево, Дебар и Охрид -2, во Тетово -1. На другите места температурата е над нулата, во Скопје 4, а најтопло е во Гевгелија со 6 степени. Снежната покривка на Попова Шапка е со висина од 10 сантиметри.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со повеќе облачност во источните делови. Утринава е умерено до значително облачно со слаб ветер од северен и североисточен правец.

Променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.