„Зошто се правиш луд?“ – Путин изгуби нерви и го искара министерот за економија – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/23 1:35 PM

„Зошто се правиш луд?“ – Путин изгуби нерви и го искара министерот за економија

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанокот на владините министри за време на кој го нападна министерот за економија и вицепремиерот Денис Мантуров.

Мантуров во еден момент започна брифинг за напредокот на потпишувањето на договорот во областа на воздухопловството за 2023 година.

Меѓу другото, тој нагласи дека се испратени нарачки за нови авиони, воени и цивилни.

Путин очигледно не беше задоволен од тие информации.

„Нема цврсти договори Денис. Тие не разбираат што треба да прават. Сè трае предолго, очекувам се да забрзате. Нема договори за фирми во 2023 година. Дали разбираш за што зборувам“, го праша Путин.

Потоа Мантуров се обиде да му објасни на Путин дека договорите постојат.

„Претседателе, имаме договори во рамките на Министерството за одбрана. Лизинг компании се исто така дел од договорот за производство на хеликоптери. Имаме сè подготвено за договори за воздухопловство“, рече Мантуров.

Сепак, ова објаснување не беше доволно за Путин.


 

„Господине Мантуров, имате скици, немате договор. Ајде да разговараме по состанокот. Знам дека нема договори со фирми, тоа ми го кажаа директорите. Зошто се правиш луд? Кога ќе има договори?“, праша Путин.

По овие прашања министерот ја наведна главата и не се огласи до крајот на средбата.

Инаку, руското воено воздухопловство во моментов се соочува со недостиг на борбени авиони, а не е ништо подобро ниту за руските авиокомпании кои поради санкциите не можат да добијат патнички авиони.

 

Извор: Нова,рс