На 49 години чека близначиња, бременоста ја смета за вистинско чудо – Хилари Свонк блесна на црвениот тепих со стомачето – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/23 6:25 PM

На 49 години чека близначиња, бременоста ја смета за вистинско чудо – Хилари Свонк блесна на црвениот тепих со стомачето

Синоќа се одржа 80-тото доделување на Златните глобуси, а на црвениот (во случајот со Златните глобуси, сив) тепих се појавија бројни познати дами и господа во интересни комбинации.

Хајди Клум, Салма Хаек, Селена Гомез, Хилари Свонк, Мишел Вилијамс и бројни други познати жени блеснаа во гламурозни фустани, а најголемо внимание украде оскаровката Хилари, на која ова и беше првиот официјален настан на кој пристигнала бремена.
Убавата актерка очекува близнаци на 49 години со својот сопруг Филип Шнајдер, што го откри на почетокот на октомври 2022 година.

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува“, изјави 48-годишната Хилари на емисијата „Добро утро Америка“.
Двократната оскаровка изјави дека се чувствува одлично, но се пошегува дека целата нејзина облека почнала да се стега.

„Ова е голем благослов и апсолутно чудо“, заклучи таа.

На Хилари ова и е втор брак, а со љубовта на својот живот се омажи во 2018 година.

“Да се ​​омажам за човекот од соништата покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот”, изјави таа еднаш за венчавката која се одржа по две години љубов.

Нејзиниот прв сопруг бил нејзиниот колега Чад Лоу, кој го запознала на снимањето на филмот „Тивки денови во Холивуд“, а се венчале во септември 1997 година. На почетокот на 2006 година се дозна за разводот.

Откако една година подоцна беше финализиран разводот, актерката почна да се гледа со нејзиниот агент Џон Кемпси, со кого помина пет години.
Во март 2016 година, таа ја потврди свршувачката со финансискиот советник Рубен Торес, кој некогаш беше професионален тенисер. Парот никогаш не стигна до олтарот, но тогаш Филип влезе во нејзиниот живот.

(Курир.рс/Стори.хр)