Денес во скопската населба Карпош се случила трагедија!
Според првичните информации станува збор за двојно убиство.
ММС се обрати до МВР од каде ни ја потврдија трагедијата.
-Денеска (11.01.2023) околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР и најавуваат детали за утре.
Увидот се уште трае.