Се појави нов вид на коронавирус, еден од најзаразните видови, вели српскиот државен секретар за здравство – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/23 10:29 AM

Се појави нов вид на коронавирус, еден од најзаразните видови, вели српскиот државен секретар за здравство

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека верува оти и во Србија се појавил нов вид на коронавирусот, но дека се очекува потврда.

„Лично мислам дека се појави нов вид (на коронавирусот), но очекуваме детекција или регистрација. Мислам дека тоа е прашање на денови, со оглед на тоа што ги имаме првите случаи во Романија. Сите овие ситуации, празници, миграциите на нашите луѓе од Европа, кои дојдоа да ги прослават новогодишните и божиќните празници, влијаеја на влошување на епидемиската состојба“, изјави Ѓерлек за РТС.

Според него, во декември имало околу 500 заболени од вирусот дневно, а сега бројот на заразени дневно е повеќе од 1.000.

„Ова е еден од најзаразните видови, велат научниците, кои се многу поискусни и имаат повеќе знаење од мене во оваа смисла. Се уште немаме потврда, но веројатно постои, со оглед на бројот на новозаразени луѓе“, рече Ѓерлек.