Корпа со овошје, ореви, костени и пијалак за подарок на г.г. Стефан – Претседателот и премиерот на именден кај поглаварот на МПЦ-ОА – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 4:46 PM

Корпа со овошје, ореви, костени и пијалак за подарок на г.г. Стефан – Претседателот и премиерот на именден кај поглаварот на МПЦ-ОА

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевскиденеска присуствуваа на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници, но и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.

Покрај нив на ручекот присуствувале и митрополитот Иларион и епископот Јаков.

На овој ручек бил поканет и претседателот на Собраниеот Талат Џафери, но поради здравствени причини ја откажал поканата.

Претседателот и премиерот на г.г. Стефан му донеле подароци за именденот.

Од кабинетот на Ковачевски ни кажаа дека премиерот му подарил традционална божикна корпа со овошје, ореви и пијалак.

Од кабинетот на Пендаровски, пак, ни рекоа дека и претседателот му подарил корпа со овошје, ореви, костени и пијалак.

-Сега на гости кај вас, па вечер и јас ќе чекам гости, се пошегувал претседателот Пендаровски.

Божиќниот ручек традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот. На трпезата се служеле јадења карактеристични за овој период од годината.

(В.М.)

Фото: Вангел Тануровски