(Видео) Злоупотреба на имиџот е тоа што Ахмети пее со цигара во рака, вели Меџити – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/23 1:54 PM

(Видео) Злоупотреба на имиџот е тоа што Ахмети пее со цигара во рака, вели Меџити

Препукувањата во ДУИ не престануваат.

По објавата на видеото каде Али Ахмети со цигара во рака како пее, денес на својот Фејсбук профил се јави Изет Меџити.

Тој напиша:

-Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавувањето на снимката за да се дефокусира јавното мислење од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Снимањето на Али Ахмети и поставувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неправилно и се чини дека не се случува за  првпат. ДУИ мора да се ослободи од „узурпаторите, платениците и неспособните!”, напиша Меџити, најверојатно  упатена Груби, но и Османи, кои се предмет нс критика на огнената група на ДУИ.

Утрово, пак Османи на прес конференција рече дека смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“, односно дека постојат институции, како што е Европската Комисија, која е задолжена за давање најобјективна проценка.

Тој рече дека секоја критика која не доаѓа од институциите кои се задолжени за објективна проценка на работата на функционерите во државава, е со доза на субјективизам.

– Единствено Европската комисија прави проценка согласно одредени параметри и јас навистина се гордеам со Министерството за надворешни работи во 2022 година, бидејќи единствено надворешната политика ја доби најдобрата оценка, многу добар прогрес односно многу добро унапредување во постигнувањето на целите.  Меѓутоа се разбира постојат органи во рамките на државата и во рамките на партиите од кои доаѓаме, така што не би коментирал неформални оценки од кого било. Кога ќе имаме време да работиме ако почнеме да коментираме секакви неформални коментари по однос на нашата работа, додаде Османи.