ФИФА за првпат назначи жена од Саудиска Арабија за меѓународен судија – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/23 2:43 PM

ФИФА за првпат назначи жена од Саудиска Арабија за меѓународен судија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за првпат назначи жена од Саудиска Арабија за меѓународен судија – објави „Ал Арабија”.

Според ТВ каналот, 34-годишната Ануд Ал-Асмари станала првата Саудијка жена судија на ФИФА. Својата судиска кариера ја започна во 2018 година.

– Среќна сум што сум првата жена судија од Саудиска Арабија која ќе добие меѓународен статус, изјави Ал-Асмари.

Женската фудбалска репрезентација на Саудиска Арабија го одигра првиот натпревар пред помалку од една година.

Во декември, кралството поднесе барање за домаќин на женскиот азиски куп во 2026 година.