Нов случај на семејно насилство регистрираше полицијата во најновиот билтен.
Вчеравечер во прилепското село Сенокос, полицијата лишила од слобода педесет и петгодишен скопјанец со иницијали С.М. затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна невенчана сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од МВР.