Вчера претпладне во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода К.Д.(46) од Велес – соопшти денеска МВР.
Според полицијата, таа физички ја нападнала нејзината 23-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – најавија од МВР.