Цели 24 години била калуѓерка, па се вљубила во монах, а тој ја запросил за една недела: Љубовна приказна која остава без здив! – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 8:00 PM

Цели 24 години била калуѓерка, па се вљубила во монах, а тој ја запросил за една недела: Љубовна приказна која остава без здив!

Калуѓерката Мери Елизабет и отец Роберт својот живот го посветиле на Бога, а нивната средба променила сѐ. Нивната љубовна приказна е неверојатна.

Станува збор за љубовна приказна која не знае за граници. Сестра Мери Елизабет и отец Роберт не можеле да им се спротивстават на своите чувства, а за она што им се случило, би можело да се снима и филм кој многумина би оставил без текст. Имено, сестра Мери Елизабет која е родена како Лиза Тинклер, ја напуштила црквата поради отец Роберт во 2015 година. Живеела во манастирот во Престон кога го запознала Роберт, пишува Dally Mail.

Како се пронашле?

Тие се запознале сосема случајно. Отец Роберт не го знаел нејзиното име, ниту пак можел да ја види нејзината коса, но кога случајно ѝ го допрел ракавот, калуѓерката која на Бога му посветила децении од својот живот, решила дека искрата е доволна да го напушти строгиот религиозен поредок.

Мери Елизабет (50) водела мирен живот во манастир пред да се сретне со Роберт, монах од Оксфорд во 2015 година, кога случајно се допреле за раце. Тоа бил гест со кој веднаш се родила хемија меѓу нив и така им се промениле животите. Седум години подоцна, тие одлучиле да ја споделат својата приказна и да откријат дека иако било тешко да се одлучат да ги напуштат своите претходни животи, не се каат за ништо.

Лиза открила дека се сретнале случајно кога Роберт бил во посета на нејзиниот манастир.

„Почувствував некаква хемија, беше малку непријатно. Си помислив дали и тој го чувствува истото. И додека излегуваше од просторијата беше прилично непријатно“, признала таа.

Откако и Роберт ја почувствувал љубовната искра, тие двајца се повеќе размислувале еден за друг. Една недела подоцна, Роберт ѝ напишал порака на Лиси со која ја прашал дали таа би се согласила да се омажи за него. Мери била збунета обидувајќи се да сфати што чувствува кон него, но истовремено била во шок од пораката, бидејќи таа никогаш не му го кажала своето име. До тој момент таа водела осамен живот како калуѓерка во манастир цели 24 години, а според строгиот ред кој датира уште од 12. век, калуѓерките водат повлечен живот.

Нејзината заинтересираност за религијата се родила кога имала шест години. Додека живеела во манастирот, таа зборувала само два часа дневн, а остатокот од времето го поминувала сама во тишина, па поради тоа со текот на годините нејзиниот речник се намалил. Додека живеела во самотија, Лиза се брела со своите чувства по запознавањето со Роберт.

„Не знаев како е да се биде заљубен и мислев дека останатите калуѓерки го гледаат тоа на моето лица, па така станав прилично нервозна. Чувствував промена во себе и тоа ме плашеше“, изјавила таа.

На крајот, таа за чувствата кон Роберт му признала на парохискиот свештеник, кој не можел да сфати како можела да се заљуби во монахот за само една недела без никаква интеракција со него. Таа била загрижена како тоа ќе влијае на нејзиниот однос со Бога, меѓутоа реакцијата на викарот на нејзините вести, ја убедила да ги спакува и малкуте рабти кои ги поседувала и да се најде со Роберт во еден паб.

Кога го напуштила манастирот таа дури и размислувала да си го одземе животот, но сепак била храбра и постапила според својата одлука.

Роберт пак, кој бил роден и пораснал во Полска, дошол во Лондон во 2002 година. Тој признал дека ги делел истите стравови како Лиза во однос на бракот, но сепак биле истрајни во својата одлука.

И покрај меѓусебната поврзаност, тие се бореле со животот надвор од манастирите. Лиза признала дека особено биле тажни на првиот Божиќ, а бидејќи почетокот на врската бил тежок, размислувале и да раскинат.

Особено емотивен бил моментот кога Роберт купил и превел книга на полски за калуѓерки во слична ситуција, па тие заедно плачеле додека ги читале нивните приказни. Лиза и Роберт сепак успеале да најдат рамнотежа во својот нов живот и се поврзале со својата вера надвор од манастирот. Набргу потоа, Роберт се приклучил на Англиската црква и сега е викар во село во Северен Јоркшир, каде што и живеат заедно со Лиза, која се вработила во погребално претпријатие.

Таа признала дека ѝ било тешко да се навикне на поинаква облека и фризура, откако поминала 24 години во религиозна облека. Раскажала и дека Христос е во центарот на нејзиниот брак со Роберт, но и во центарот на сѐ што прават.

 

Извор:   stil.kurir.rs