Изгледа како бројот 10, а всушност е топка: Меси го има најоригиналниот дом на светот – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 7:00 PM

Изгледа како бројот 10, а всушност е топка: Меси го има најоригиналниот дом на светот

Еден од најдбрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси, кој ги помести границите во овој спорт и испиша неверојатна историја, меѓу своите награди сега ја додаде и онаа која му недостигаше – злато од светското првенство. Од тогаш, медиумите не престанаа да се интересираат за него.

Всушност, сите ги заинтригира и воодушеви неговата куќа во Шпанија која е со многу необичен дизајн. Меси одлучил да изгради дом во облик на фудбалска топка и на тој начин на сите им ја покажа својата љубов кон спотот кој му го промени животот од корен.

Инспириран од дизајнот на фудбалската топка, архитектот Луис де Гардио дизајнираше фантастична еко-вила за фудбалската ѕвезда, наречена One-Zero Eco-House.

Меѓутоа, архитектите направија маестрална работа, па реализираа уште една оригинална идеја на Лионел. Додека самата структура на куќата е округла, остатокот од парцелата изгледа како фудбалски терен поделен на два дела. Со својата специфична структура, куќата изгледа како цифрата 10, а токму тоа е бројот на дресот на Меси. Како што пишуваат странските медиуми, ова е една од најоригиналните куќи на светот кога станува збор за домовите на славните личности.

Куќата има силна симболика, па затоа фудбалерот особено сака во неа да поминува време со сопругата и децата.