„Го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите“: Ковачевски во публика го следеше ракометниот спектакл – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/23 10:51 AM

„Го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите“: Ковачевски во публика го следеше ракометниот спектакл

Вечерва беше посебно убава – во име на хуманоста, за првпат, на ревијален натпревар, ги гледавме заедно на терен поранешните и актуелните репрезентативци, македонските ракометни легенди од оваа и изминатите генерации кои постигнаа големи успеси и нѐ направија навистина горди низ годините – напиша вчеравечер на социјалната мрежа Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски.

Тој беше дел од публиката во спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде актуелната ракометна репрезентација и ветераните одиграа хуманитарен натпревар.

-Денес го славевме ракометот, но и ги поддржавме најранливите, децата и младите без родителска грижа, преку хуманитарна акција. Сите средства од овој ревијален натпревар беа наменети за СОС Детско село. Честитки за организацијата, навистина незаборавно искуство – порача Ковачевски.

Сите ѕвезди на едно место – Ракометен спектакл и забава за паметење